2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБундесбанк: Солиден раст на Германија

Бундесбанк: Солиден раст на Германија

deutsche- bundesbank54645

Економскиот раст на Германија во вториот квартал ќе остане солиден, но веројатно малку ќе загуби од силата, се наведува во месечниот извештај на германската Бундесбанк.

„Добрите услови на пазарот за труд, очекуваниот раст на приходите и стабилните цени ќе го задржат високото ниво на приватната потрошувачка. Сепак, не очекуваме дополнителен пад на цените на нафтата, додека силниот раст на куповната моќ од претходните два квартали веројатно ќе прекине“, се наведува во извештајот на Бундесбанк, пренеусва агенцијата Ројтерс.

Според оценките на Бундесбанк, неизвесно е и продолжението на силното темпо на извозот забележано во првиот квартал.

Бруто домашниот производ (БДП) на Германија во првиот квартал порасна за 0,7 проценти, што е најголемата квартална стапка на раст од првиот квартал во 2014 година, наведува Ројтерс, додавајќи дека Бундесбанк во јуни ќе објави нови проекции поврзани за периодот од 2016 до 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП