12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија: Приходите од извозот помали за 38 проценти

Русија: Приходите од извозот помали за 38 проценти

MOskva

Извозот на суровини од Русија расте, но приходите од тој извоз се во пад и тоа за 38 проценти за првите три месеци од оваа година, во однос на истиот период во 2015 година.

Повикувајќи се на податоците кои ги објави руската царина, каналот Раша тудеј пренесува дека падот на приходите од извозот е предизвикан со падот на цената на нафтата, а со тоа и падот на вредноста на рубљата дополнително го зголеми негативниот ефект.

Физичкиот обем на извозот на суровини од Русија е поголем и тоа за 2,8 проценти во земјите од Заедницата на независни држави и 4,5 проценти повисок во земјите кои не припаѓаат на тој сојуз.

Сепак, приходите од извозот во земјите надвор од Заедницата на независни држави паднале од 21 милијарда долари, колку што изнесуваа пред една година, на 13 милијарди долари, додека приходот од продажбата на нафта во земјите од ЗНД опаднал за 25 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП