27 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлок трансакција со акцијата на РЖ Услуги Скопје

Блок трансакција со акцијата на РЖ Услуги Скопје

berza-makeodnija-berza-makedonska

Тргувањето на Македонската берза за хартии од вредност во вторникот го одбележа блок трансакцијата со акцијата на РЖ Услуги Скопје.

Вкупно 45.070 акции беа истргувани по цена од 72 денари, додека на регуларниот пазар беа реализирани уште 10 акции. Вредноста на акцијата се намали за 11,90 отсто со што беше и прво позиционирана на листата на губитници.

Уште една акција забележа промет над милион денари. Со акцијата на Алкалоид беше реализиран промет од 2,8 милиони денари преку 571 истргувани акции по просечна цена од 5.005,87 денари

Обврзниците имаа скромен удел во вчерашното тргување, со три трансакции и промет од 181 илјади денари.

Индексот МБИ10 ја зголеми вредност за 0,37 отсто, додека индексот на обврзниците ОМБ се намали за 0,21 процнет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП