11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Гази Баба и Универзитетот „Гоце Делчев“ ја интензивираат соработката

Општина Гази Баба и Универзитетот „Гоце Делчев“ ја интензивираат соработката

gazi-baba

Општина Гази Баба и Универзитетот „Гоце Делчев“ ја интензивираат својата соработка, за што денеска во Ректоратот на УГД ректорот, проф. д-р Блажо Боев, и градоначалникот Тони Трајковски, потпишаа Меморандум за соработка.

Соработката беше на високо ниво и досега, со оглед на тоа што кампусот на УГД во Скопје е на територијата на општина Гази Баба, но сега Факултетот за туризам и бизнис логистика заедно со општината ќе работат на изработка на Стратегијата за туризам.

Градоначалникот Трајковски упати благодарност за потпишаниот Меморандум за соработка.

„Дел од факултетите на УГД се лоцирани во Кампусот, кој е на територијата на нашата општина, тоа ни беше почетниот мотив, а верувам дека во иднина заеднички ќе реализираме голем дел проекти кои ќе им бидат од интерес на жителите на општина Гази Баба и на студентите и професорите од УГД. Една од активностите што ги договорив е поддршка од Универзитетот во изработката на Студијата и стратегијата на општина Гази Баба за развојот на туризмот, Верувам дека како општина имаме потенцијал да го промовираме нашиот туристички потенцијал. Во иднина ќе реализираме и други проекти во делот на иновациите, можноста за поддршка на бизнисите, така што во иднина очекувам општина Гази Баба заедно со УГД да реализираат голем број проекти“, изјави градоначалникот, Тони Трајковски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП