18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW 750d: Најмоќниот шестцилиндарски дизел агрегат во светот

BMW 750d: Најмоќниот шестцилиндарски дизел агрегат во светот

sedmica dizel 00

Компанијата „BMW“ откри детали за новиот 6-цилиндричен дизел мотор, кој ќе дебитира на модификациите „750d xDrive“ и „750Ld xDrive“. Двете најмоќни дизел верзии на луксузниот седан ќе се појават на пазарот во јули.

Веќе е познато дека моторот е со 4 турбополначи – нешто што не е направено од ниту еден друг производител. Според претставник на „BMW“, агрегатот е без конкуренција во оваа класа, а ги комбинира врвните карактеристики и најновите технологии.

sedmica dizel 01

Моќноста на моторот е 400 КС, а максималниот вртежен момент е 760 Нм. Поголем дел од нафрли, имено 450 Нм, се достапни уште при 1000 врт/мин, а целиот негов потенцијал се открива во опсег 2000-3000 вртежи / мин. Потрошувачката на гориво кај новиот мотор во мешан циклус е 5,7-5,9 л / 100 км.

Кај агрегатот досегашниот голем турбополнач кој работи под низок притисок, е заменет од два помали, кои обезбедуваат подобра реакција при притискање на гас. Од „BMW“ дополнуваат дека интеракцијата помеѓу сите компонети се обезбедува од последната генерација на системот „Digital Diesel Electronics“ (DDE).

sedmica dizel 02

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП