3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMoody’s го намали кредитниот рејтинг на Саудиска Арабија

Moody’s го намали кредитниот рејтинг на Саудиска Арабија

moody

Една од трите агенции за кредитен рејтинг „Moody’s“ го намали рејтингот на Саудиска Арабија од А1 на АА3.

Тоа е последица од ревизијата која траеше два месеци, а како главна причина за намалувањето се наведуваат помалиот економски раст, високиот надворешен долг и евтината нафта, поради што Саудиска Арабија е помалку отпорна на пазарните шокови.

Освен Саудиска Арабија, поради истата причина, намален е и кредитниот рејтинг на Бахреин и Оман.

Другите земји производители на нафта во заливот, како Кувајт и Катар, не го загубија рејтингот, но долгорочните изгледи им се дефинирани како – негативни.

Цените на нафтата паѓаат затоа што производството расте побрзо отколку побарувачката, потсетуваат економските портали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП