4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТајната е во слушањето: 4 совети како тоа да го правите совршено

Тајната е во слушањето: 4 совети како тоа да го правите совршено

woman_listening-resized-600

Многу е веројатно дека сте лош слушател но тоа не мора да биде во потполност ваша вина. Поголем дел од нашиот живот го поминуваме зборувајќи, од довикување на родителите до големи деловни презентации. Со толкав акцент на говорот нормално е да ја запоставите другата страна на конверзацијата – слушањето.

Еве што прават лицата кои одлично знаат да слушаат:

Ги поттикнуваат другите

Понекогаш е едноставно доволно на соговорникот да му кажете „продолжи“ и со тоа многу да му помогнете и да му дадете поддршка. На овој начин вашиот разговор преминува во нешто подлабоко од размена на анегдоти.

Бараат појаснување

Исфорсирајте ги другите да го објаснат она за што зборуваат, тоа доведува до добро разбирање меѓу оној кој зборува и оној кој слуша.

Не морализираат

Тие поттикнуваат ранливост и покажуваат дека се лица на кои може да им се верува кога станува збор за најдлабоките чувства на друга личност, нивните грешки и ирационалните размислувања.

Ги одделуваат несогласувањата од критиките

Би било будалесто и досадно да се сложувате со секој по секое прашање. Добрите слушачи покажуваат дека и понатаму ја почитуваат личноста со која зборуваат и дека таа им се допаѓа без оглед на тоа што имаат поинакво мислење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП