3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтудентите во Германија месечно за пракса добиваат и до 950 евра

Студентите во Германија месечно за пракса добиваат и до 950 евра

nauka-eksperiment-studenti-ucenici-jpg_660x330

Студентите во Германија добиваат од 250 до 950 евра месечен надоместок за работата во рамките на програмата за дуално образование, а имаат и право на одмор, изјави денес германскиот експерт за дуално образование Питер Кризе.

Тој на конференцијата „Образование по мерка на економијата – дуално образование“, изјави дека дуалното образование е многу важно за германската економија.

Кризе објсни дека студентите кога ќе положат теоретски и практичен испит можат веднаш да се вработат односно да работат како управители, мајстори, занаетчии, па дури и да добијат титула инженер.

Тој додаде дека таквото школување трае меѓу две ипол и три години.

„Во просек тие имаат од 250 до 950 евра месечна надокнада во текот на работењето во компаниите кои учествуваат во програмата за дуално образование“, изјави Кризе додавајќи дека околу висината на таа надокнада можат да преговараат дури и синдикатите.

Кризе изјави дека тој систем во Германија е поделен на стекнување на знаење во училиштата и на пракса во компаниите каде се стекнуваат со практични вештини.

Како што вели, односот на студентот и компанијата и училиштето се регулира со договор кој го склопуваат стопанските комори и ги реализираат завршните испити.

Кризе наведува дека има пет категории за дуално образование, на пример, првата е индустрија и трговија каде се образуваат индустриските механичари, комерцијалистите, пекарите…

„Секој може да ја заврши обуката во дуалното образование без оглед на годините, полот и возраста, освен за некои специфични професии за кои е потребно исполнување на некои посебни услови“, наведе тој.

Тој додаде дека ако некој има натпросечни резултати може да го скрати образованието.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП