21 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАРаботите во канцеларија? Послушајте ги советите од експертите

Работите во канцеларија? Послушајте ги советите од експертите

save-3-660x330

Работниците кои престојуваат осум часа во канцеларија би требало почесто да стануваат и да прават лесни физички активности вкупно четири часа дневно, сметаат меѓународните експерти.

Премногу седење

Прво би требало да се поработи на тоа да стојат или да се бават со лесни активности, на пример со одење, два часа дневно, наведуваат експертите во извештајот.

Ова истражување го нарача Британската агенција за јавно здравје, а го спроведоа експерти од неколку универзитети и научни институти во Велика Британија, САД и Австралија.

Предолгото седење лошо се одразува на здравјето, што е научно утврдено во изминатите години. Британците кои работат во канцеларија поминуваат 75 проценти од работното време седејќи на столица, објавија експертите во магазинот British Journal of Sports Medicine.

Слично како и долгите периоди на седење, треба да се избегнуваат и долгите периоди на стоење.

Лошо здравје

Работодавците би можеле да им помогнат на вработените да успеат да постигнат два до четири часа да стојат или да се движат преку лесни физичи активности така што ќе ги променат одредбите за тоа како и кога луѓето можат да земат пауза, па во неа да можат да вклучат и стоење или движење. Еден од предлозите е да се усвои дизајн и тенологија на столици кои овозможуваат вработените да работат и стоечки.

„Сега постојат докази дека предолгото седење е поврзано со лошите здравствени исходи, вклучувајќи ја лошата состојба на коските, кардиоваскуларните болести, дијабетесот и одредени видови на карцином“, изјави д-р. Себастијан Частин од Универзитетот Каледониан во Глазгов.

„Врз основа на доказите кои ги имаме, два часа стоење и движење на најмалку четири часа претставуваат разумна препорака“, додаде Частин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП