10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе што ќе оставите на плажа во Хрватска ќе ви биде фрлено

Се што ќе оставите на плажа во Хрватска ќе ви биде фрлено

макарска-плажи

Макарска пропишува нови правила за да се регулира однесувањето на туристите и на они кои уживаат во убавините на морето, па така ќе биде забрането „резервирањето“ место на плажа, со оставање крпи, и други реквизити.

Крпите, реквизитите за на плажа и други работи кои ќе бидат оставени без надзор на плажите во Хрватска, ќе се сметаат за напуштени и ќе бидат отстранети.

Станува збор за многу позната метода, која се користи во доцните вечерни часови или рано наутро, кога туристите оставаат крпи на плажа за да се заземе најдобро место за уживање во морето и сонцето, подоцна во денот.

Dalmacija News пишува дека на следната седница на макарските градски власти ќе се најде предлогот за Одлука за комунален ред во која стои дека на природните и на уредените плажи е забрането, по користењето на плажата, да се оставаат крпи, реквизити за плажа и други работи со слична намена.

Сите тие ќе се сметаат за напуштени и ќе бидат отстранети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП