2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит растот на цените на нафтата ги поттикна индексите

На Волстрит растот на цените на нафтата ги поттикна индексите

wall str3020

На Волстрит во понеделникот берзанските индекси скокнаа за околу еден процентен поен, благодарејќи на растот на цените на нафтата и закрепнувањето на акциите на американскиот технолошки гигант Apple.

Индексот Dow Jones скокна за 1 отсто, на 17.710 поени, додека индексот S&P 500 зајакна за 0,98 проценти, на 2.066 поени, а, пак, Nasdaq индексот се искачи за 1,22 отсто, на 4.775 индексни поени.

По три седмици пад, во понеделникот берзанските индекси значително пораснаа, бидејќи закрепнаа цените на акциите во сите десет сектори од S&P 500 индексот, а најмногу во рударскиот и во енергетскиот сектор. Благодарејќи на скокот на цените на нафтата на највисоките нивоа во последните шест месеци, цените во енергетскиот сектор зајакнаа за 1,6 отсто.

Значително на пазарите влијаеше и скокот на цените на акцијата на Apple за 3,7 отсто, откако беше објавено дека „Berkshire Hathaway“, компанија на еден од највлијателните инвеститори Ворен Бафет, купила удел во производителот на паметните телефони и други мобилни уреди во износ од околу милијарда долари. Акцијата на Apple загуби околу петтина од својата вредност во последните месец дена, откако овој технолошки гигант извести дека во првиот годинешен квартал го забележал првиот пад на приходите на годишно ниво во последните 13 години.

Во последните три седмици цените на акциите на Волстрит паднаа поради забавувањето на растот на американската економија и анемичните деловни резултати на компаниите. Сезоната на објавување на деловните извештаи за првото тримесечје е при крајот,а во анкетата на Reuters аналитичарите проценуваат дека заработките на компаниите од составот на S&P 500 индексот паднале трет кварта поред ред на годишно ниво.

Но и покрај силниот раст на индексите, инвеститорите и натаму се воздржани, на што укажува потпросечниот обем на тргување. На американските берзи во понеделникот сопствениците ги промениле 6,5 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во последните 20 дена изнесува 7,2 милијарди акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП