10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови поскапувања во Грција

Нови поскапувања во Грција

grcka5

Грчката влада ќе воведе нови мерки за зголемување на данокот на додадена вредност – ДДВ на храната и комуналиите со цел да заштеди 1,8 милијарди евра, што е еден од предусловите кои ги поставија меѓународните кредитори за дополнителната финансиска помош.

Локалните медиуми наведуваат дека ДДВ-то на храна и пијалоци, вклучувајќи ги и рестораните и баровите, ќе биде зголемено од 23 на 24 проценти. За истиот износ ќе биде зголемен и износот на ДДВ-то на картите за патување на локалните и меѓународни линии.

Цените на бензинот и дизелот ќе бидат зголемени за пет, односно за осум проценти.

ДДВ-то ќе биде зголемено и за цигарите, фиксната телефонија и телевизиската претплата.

Цената на ноќевање во хотелите во Грција од 2018 година ќе биде зголемена за две до четири евра.

Според наводите на медиумите, нацрт-законот за новите мерки наскоро ќе биде претставен во парламентот и се очекува дека гласањето ќе биде објавено најдоцна до викендот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП