2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткупната цена на млекото во Германија e под 20 центи за литар

Откупната цена на млекото во Германија e под 20 центи за литар

mlekic 333

Цената на млекото за земјоделците во Германија се распадна во рок од неколку недели за 30 отсто, пишува „Frankfurter Allgemeine Zeitung“. Преговорите за цената помеѓу млекарите и земјоделците довеле до исплатата на 18 или 19 центи по литар во некои региони. За да можат да произведуваат, без да се во загуба, сепак, на околу 75.000 производители на млеко во Германија им треба производна цена од околу 40 центи за литар.

Главните причини за ниската цена се слабата побарувачка од страна на Кина, руското ембарго за храна, зголеменото производство во земји како Нов Зеланд и САД и постепено укинување на квотите за млеко во ЕУ пред повеќе од една година.

Федералната влада има намера брзо да ги поддржи производителите на млечни производи во Германија. Од Министерството за земјоделство изјавија неодамна дека е можно плаќање на надоместоци во опсег од 60 до 100 милиони евра. Деталите ќе бидат разгледани подоцна овој месец за време на т.н. „Млечен самит“, во кој ќе учествуваат политичари, претставници на земјоделците и на млекарите.

Уште на почетокот на годината илјадници производители поднесоа апликации за државна финансиска помош од итната програма на ЕУ и федералната влада. Земјоделците можат да добијат до 10.000 евра. Повеќето засега поднесени барања за помош според „Passauer Neuer Presse“ се од Баварија, Долна Саксонија и Северна Рајна-Вестфалија.

И во супермаркетите во земјата цените на млекото неодамна нагло паднаа. Во почетокот на мај литар млеко во пазарниот лидер „Aldi“ и во помалиот конкурент „Norma“ се нуди за 46 центи. Многу евтини во моментов се исто така маслото, павлаката, кондензираното млеко, крем сирењето и јогуртот.

Од елиминацијата на млечните квоти производителите во цела Европа се соочуваат со падот цените, а многу фарми се загрозени од исчезнување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП