19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNintendo размислува за експанзија во филмскиот бизнис

Nintendo размислува за експанзија во филмскиот бизнис

nin3399

„Nintendo“ преговара со неколку глобални компании за проширување на својот бизнис со содржина, вклучувајќи преку правење на филмови, изјави Тацуми Кимишима, претседател на јапонската компанија која создава видео игри, цитиран од „Ројтерс“.

Филмот има за цел да го зајакне бизнисот на „Nintendo“, фокусирана на одредени ликови, и да се прошири глобалното присуство на компанијата во областа на игрите, коментира тој за весникот „Asahi“ во интервјуто објавено во понеделникот.

„Водиме преговори со неколку партнери. Сметам дека можеме да решиме нешто во блиска иднина“, коментира Кимишима.

Тој одби да открие кога ќе бидат објавени нови проекти и не објави кои популарни ликови на „Nintendo“ размислуваат да бидат употребени.

Портпаролот на „Nintendo“ изјавил за „Ројтерс“ дека коментарите на Кимишима се однесуваат на „видео содржини“, а претседателот не ја одрекол можноста за создавање на филмови.

„Nintendo“ ги прошири своите операции, за да се спротивстави на намалувањето на бизнисот со конзоли. Компанијата влезе во брзо растечкиот сегмент со мобилни игри и склучи договор со „NBCUniversal“ за развој на атракции за тематски паркови.

Всушност „Nintendo“ веќе им овозможува на филмски компании да ги користат неговите ликови како Покемон преку склучување на договори за лиценца. Има и холивудски игран филм базиран на „Супер Марио“ од 1993-та година.

Овој пат, сепак „Nintendo“ сака да прави што е можно повеќе работи сама, а не само да ги лиценцира своите содржини, коментира Кимишима.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП