22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД првпат по 40 години го открија износот на долгот кон Саудиска...

САД првпат по 40 години го открија износот на долгот кон Саудиска Арабија

obama-sad-amerika

Американското министерство за финансии првпат по повеќе од четири децении ги објави податоците за долгот кон Саудиска Арабија.

Според податоците од март, износот на американскиот долг кон Ријад изнесувал 116,8 милијарди долари. Тој се намалил за шест отсто во споредба со јануари годинава, кога нивото на долгот достигнало рекордна вредност, пренесува агенцијата Bloomberg.

Саудиска Арабија е меѓу десетте најголеми кредитори на САД, заедно со Кина од 1.300 милијарди долари, и Јапонија со 1.100 милијарди американски долари.

САД започнаа со објавувањето на податоците за странските носители на американските државни обврзници од 1974 година. Податоци за задолженоста кон Саудиска Арабија притоа не беа директно посочувани, туку беа изразувани заедно со податоците за другите земји од Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC). Во февруари 2016 година овој картел држеше 281 милијарда долари во американски обврзници.

Одлуката да не се објавува износот на долгот кон Ријад, Вашингтон ја донесе откако арапските земји воведоа ембарго за нафтените испораки во САД во 1973 година. Тоа претставуваше една од отстапките на кои се одлучија САД за да ги сочуваат стратешките односи со Саудиска Арабија, како и пристапот до нејзините нафтени резерви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП