27 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголем промет со акциите на Макпетрол АД Скопје

Најголем промет со акциите на Макпетрол АД Скопје

македонска-берза

Македонската берза трговската седмица ја започна со остварен вкупен промет од околу 2,99 милиони денари, во што предничеше акцијата на Макпетрол.

Најголемо учество во прометот беше реализиран со акцијата на Макпетрол АД Скопје со вкупна вредност на трансакциите од 970.520 денари и истргувани 55 акции, преку 12 трансакции по просечна цена од 17.645.82 денари.

Втора по ред беше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје која во текот на денешниот ден оствари вкупен промет од 645.750 денари истргувани преку 11 трансакции.

На дневната листа на добитници најголем раст имаше акцијата на Макстил АД Скопје со просечна цена од 49 денари и раст на вредноста од 8,89 проценти. По неа следеа акциите на Телеком АД Скопје со истргувана количина од 108 акции и раст од 2,34 проценти и Бетон АД Скопје со истргувани 14 акции и раст од 0,56 отсто.

Наспроти неа, листата на губитници ја предводеше акцијата на Гранит АД Скопје со истргувани вкупно 515 акции, и пад од 1,43 отсто.

МБИ-10 забележа незначителен раст од 0,04 отсто и заврши на 1.744,89 индексни поени, а додека индексот ОМБ денес остана непромент на вредност од 128,67 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП