5 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрекините во снабдувањето ја кренаа цената на нафтата до 49 долари

Прекините во снабдувањето ја кренаа цената на нафтата до 49 долари

nafta kop

Цените на нафтата се приближија во понеделник на меѓународните берзи на ниво од 49 долари, поткрепени со зачестените прекини во снабдувањето од Нигерија и објавата на американската инвестициска банка Goldman Sachs за завршување на периодот на прекумерно снабдување.

На лондонската берза цената на барелот порасна еден долар во однос на претходното затворање и изнесуваше 48,83 долари. Речиси исто беше во плус и на американската берза, каде што барел се тргуваше по цена од 47,19 долари.

Заради саботажа производството во Нигерија потона на околу 1,65 милиони барели дневно, најниското ниво во неколку децении. Тие прекини се надоврзаа со смалувањето на производството во Венецуела, за најмалку 188 илјади барели дневно. Падна и американското производство, на 8,8 милиони барели дневно, што е дури 8,4 отсто под високите нивоа забележани во 2015 година.

Вкупно снабдувањето на глобално ниво од разни причини е намалено за дури 3,75 милиони барели дневно, речиси неутрализирајќи го вишокот заради кој цените од средината на 2014 година падна 70 отсто.

Во такво опкружување американската инвестициска банка Goldman Sachs од темел ја промени прогнозата на снабдување, откако долго предупредуваа дека складишните простори се пополнети целосно и дека цените повторно би можеле да паѓаат и да дојдат до само 20 долари за барел.

Поголем раст на цените го кочи зголеменото снабдување од Организацијата на земји извознички на нафта(ОПЕК) заради натпреварот на нејзините членки околу пазарниот удел. ОПЕК во април произведуваше 32,44 милиони барели дневно, што е 188.000 барели дневно повеќе отколку во март и најмногу од 2008 година.

Дополнителна сопирачка за цените е и закрепнувањето на производството во Канада по големиот пожар, како и пополнетите складишта ширум светот.

Заради празниците во Австрија ОПЕК денес не ја објави цената на барелот на референтната кошничка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП