2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија привлекува најмногу луѓе кои бараат работа во ЕУ

Британија привлекува најмногу луѓе кои бараат работа во ЕУ

brit 333

Велика Британија е најпопуларната земја за луѓето кои бараат работа во Европската унија (ЕУ), пишува „Business World“.

Островот привлекува три пати повеќе работници отколку било која друга земја од блокот. По Велика Британија, следат Германија и Франција.

Овие три земји ги заземаат првите места на листата на земји со голем број на население. Кај помалите земји лидер е Луксембург, а по него е рангирана Ирска.

Ирска се покажува како топ дестинација за работа, иако има само 4,5 милиони население. Државата привлекува речиси ист број работници, како земји со прилично поголем број жители како Италија (60 милиони лица) и Шпанија (47 милиони лица).

Иако Ирска покажува стабилни знаци за економско заздравување, голем број Ирци се уште бараат европска земја во која ќе емигрираат. Податоците покажуваат дека повеќе луѓе сакаат да ја напуштат земјата, отколку што се оние кои сакаат да дојдат во Ирска.

Само во Велика Британија, Луксембург и Холандија соодносот е спротивен, односно оние кои сакаат да пристигнат во земјата се повеќе од оние кои сакаат да ја напуштат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП