Стопанската комора на Македонија и Бордот за надворешни економски односи на Турција (ДЕИК) организираат форум за унапредување и промовирање на економската соработка со Азербејџан, Грузија, Кувајт и Египет.
На форумот турските копретседавачи на деловните совети со тие земји ќе ги презентираат турските искуства и ќе се разгледа можноста за заеднички настап.
Форумот, оценува Стопанската комора на Македонија, е можност за непосредни контакти на македонските компании со турските копретседавачи на деловните совети со тие земји.