2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаркокартелите сега заработуваат повеќе од златото, отколку од кокаинот

Наркокартелите сега заработуваат повеќе од златото, отколку од кокаинот

karteli zz

Организираниот криминал во Јужна Америка одамна е познат по тоа што заработува пари главно од дрога. Сепак, работите веќе не се такви какви што беа.

Силното зголемување во цената на златото во текот на последната деценија доведе до тоа картелите во Колумбија и Перу да се пренасочат кон ископување на злато. Според експертите во моментов организираниот криминал во Јужна Америка заработува повеќе од нелегаленото ископување на злато, отколку од производството на кокаин.

Околу 80% од изваденото злато во Колумбија и 90% од тоа во Венецуела е нелегално, според податоците на Светската организација за борба против прекуграничниот организиран криминал (Global Initiative Against Transnational Organized Crime). За добивање на злато од нелегални рудници картелите користат луѓе затвореници и секс работнички кои се жртви на трговијата, па тие се принудени на работа. Тие работат во крајно лоша и опасна средина, според светската организација.

karteli zz1

„Кога ќе пристигнете во овие нелегални рудници, веднаш разбирате дека вработените во нив се жртви“, според авторот на извештајот Ливија Вагнер.

Во нелегалните рудници во Перу пример работат жени и девојки на возраст од 12 години па нагоре, кои се жртви на шверцерите на луѓе. Многу од девојките се примамени со ветувања за добра работа, но чим еднаш пристигнат длабоко во амазонските џунгли, за нив нема враќање назад, коментира уште Вагнер.

Во други земји, како Колумбија, воените фракции управуваат со златните рудници. Покрај погазувањето на човековите права, илегалните рудници имаат и други негативни влијанија. На пример невротоксичните материјали кои се користат за одделување на златото, се истураат во водата и ја загадуваат почвата и воздухот во соседните градови. Илегалните рудници исто така придонесуваат и за уништувањето на шумите во амазонскиот регион.

Според извештајот, локалните власти се беспомошни во борбата против нелегалните рудници додека постои побарувачка за незаконско злато. Кога луѓето купуваат накит лесно е да го проверат со сертификатот на металот. Но, кога купуваат накит по електронски пат, сепак, како и кај другите производи, многу е потешко да се следи потеклото на златото, од кое тоа е направен0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП