ЕКОНОМИЈА

Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија

prerabotuvachkaindustrija5413513

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во април 2016 година е за 0.6 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на април 2015 година е зголемен за 8.5 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април 2016, во однос на март 2016 година е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а залихите на готовите производи сe намалени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во април 2016 година е поповолна во споредба со претходниот месец, а поповолна е во однос на април 2015 година. Оценката за бројот на вработени е дека ќе се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2016 година изнесува 64.1% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 25.6%, недоволната домашна побарувачка со 16.9%, недостигот на квалификувана работна сила со 16.3% и финансиските проблеми со 7.9%.