18 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДесет совети како да се заштитите на интернет

Десет совети како да се заштитите на интернет

37932387957332d0472f48473112688_w640

Главното прашање во денешниот свет на современата технологија е – Како да се заштитите на интернет? Многумина мислат дека тоа е невозможно. Сте го ставиле својот живот на интернет – од љубовен до деловен, се се случува и развива толку брзо што немате време да застанете и да размислите како да ја сочувате својата приватност.

Еве неколку корисни совети како да избегнете да бидете жртва, а кои ги дава сајтот Psychology Today:

1. Кога користите сервиси за запознавање, не го откривајте своето презиме или бројот на телефон се додека не се сретнеете со лицето со кое се допишувате.

2. Наместете потсетник на секои 30-45 денови да ги промените шифрите кои ги користите за секој сајт, вклучувајќи го и мејлот, Фејсбук профилот и сл.

3. Ако сајтот ви нуди да креира шифра за вас – прифатете, алгоритамот секогаш ќе смисли шифра која е многу потешко да се пробие.

4. Прифатете ги барањата за пријателство само од лицата кои ги познавате.

5. Не одговарајте на приватните пораки на било која друштвена платформа доколку не знаете кој ја испратил.

6. Наместете ги безбедносните подесувања на Фејсбук така што ќе го ограничите пристапот до вашиот ѕид за сите освен за пријателите.

7. Можете лесно да блокирате било кој кој се однеусва сомнително на социјалните мрежи.

8. Не споделувајте конкретни детали за тоа каде сте или непотребни лични информации на било која социјална мрежа.

9. Доколку некој ве слика или снима за да ве постави на интернет имате право да го спречите.

На вас останува да се заштитите најдобро што можете. Споделувајте на интернет одговорно и верувајте и на интуицијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП