24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОвие работи не му ги кажувајте на шефот

Овие работи не му ги кажувајте на шефот

s

Во својата кариера сигурно сте дошле до момент кога вашиот шеф ве нервира и кога посакувате да бидете сами свои шефови, а ако сеуште не сте имале ваков момент сигурно во скоро време ќе знаете за што станува збор.

Ако гледаме реално, бидејќи до остварување на сопствени желби веројатно треба повеќе време, тогаш ви препорачуваме да бидете доследни и трпеливи.

 

Затоа ви ја претставуваме листата на работи кои никогаш не би требало да ги кажете на својот шеф:

 

1. Тоа едноставно не може да се направи

Со оваа реченица сугерирате дека имате недостаток на труд и дека сте рамнодушни, делува дека гледате на работите краткорочно. Ако шефот ви предложува тоа да го направите, значи не е невозможно.

 

2. Ова е најдоброто што можам да го направам

Сосема јасно изјавувате дека не можете да направите нешто подобро од ова, што не е добро.

 

3. Тоа не е мој проблем

Без разлика на што и да работите, некој, најверојатно вашиот шеф, тоа ви го зборува бидејќи мисли дека тоа е ваша задача. Со овој одговор вие покажувате дека не ви е грижа и дека не сакате да помогнете или да се потрудите да покажете интерес за работа. Бидете сестрани, не еднострани!

 

4. Тоа не е под описот на мојата работа

Се додека не се работи за некоја неморална/нечесна работа овој одговор не е добар. Ретко кој има детален опис на својата работа и да има рамки во кои треба професионално да се движи.

 

5.  Тоа е глупава работа

Ако некој тоа го предложил и директорот го прифатил тоа, кои сте вие да кажете дека тој предлог е глупав?! Може да предложите некои измени или барем да објасните зошто таа идеја ја сметате за неисплатлива, но не да велите дека нечиј предлог е глупав. Тој некој, барем одвоил време да смисли идеја, а вие?

 

6. Вчера се ‘здрвив’

Можеби вашиот директор е млад, може сака да се забавува, меѓутоа оваа реченица немојте да ја користете на работа. Тоа говори за вас дека сте  несериозни и неодговорни.

 

7. Не сум доволно платен/платена за да го работам и тоа

Кога некој ќе го каже ова, не е во право. Најверојатно баш за тоа сте платени. Оваа реченица можете да ја користите во разговори со својата мајка или пријатели. Или сработете го тоа одлично, па зборувајте со вашиот шеф за покачување или бонус за беспрекорно завршената работа.

 

8. Длабока воздишка

Ова не е реченица ниту изјава ама кажува многу повеќе од зборови. Ова асоцијација на пасивна агресивност која е несоодветна, па дури и кога тоа вам ви го прават пријателите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП