21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија и Романија би можеле да стават вето на трговскиот договор меѓу...

Бугарија и Романија би можеле да стават вето на трговскиот договор меѓу ЕУ и Канада

eu-kanada-trgovski-dogovor

Бугарија и Романија размислуваат за наложување вето на трговскиот договор меѓу Европската унија и Канада, поради тоа што безвизниот режим со овие земји не е вклучен во договорот, пренесува порталот NewEurope.

Минатиот петок двете земји испратија писмо во кое ја критикуваат канадаската влада и дека „ќе биде тешко за бугарската и романската влада да најдат аргументи за поддршка на договорот во нивните земји, поради тоа што Канада сé уште има дискриминирачки однос кон нив“.

Бугарија и Романија порачале дека не е фер двете земји да воспостават безвизен режим за канадските државјани, додека канадската влада останува на визните барања за овие две земји членки на ЕУ. Минатиот април Канада одлучи да не им понуди безвизен режим на Бугарија и Романија, а Европската комисија одлучи да ја одложи одлуката за безвизен режим за канадските државјани.

Бугарските медиуми пренесуваат дека сé уште не е јасно дали Бугарија и Романија ќе го искористат ветото во поглед на овој трговски договор. Канадскиот министер за имиграција Џон МекКалум, минатиот месец изјави дека неговата земја сé уште е во преговори со ЕУ по прашањето за визите.

„Не ги гледаме работите во поглед на реципроцитет, туку според условите за секоја земја поединечно, земајќи ја предвид безбедноста за канадските граѓани“, рече МекКалум. Според портпаролката на министерството за миграција, Реми Ларивјер, пак, „ниту Романија, ниту Бугарија во моментов не ги исполнуваат условите за безвизен режим со Канада“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП