6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција - земјата со највисоки даноци за малите бизниси во ЕУ

Грција – земјата со највисоки даноци за малите бизниси во ЕУ

greu33

Со последните реформи во даночниот систем Грција се претвори во земја со највисоки даноци за мали и средни бизниси во ЕУ, пишува „Катимерини“, повикувајќи се на статистиката на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Според наведените податоци, даноците за сопствениците на мали и средни претпријатија во земјата веќе се во износ од 29%. Во Германија данокот е повисок за 29,8%, но во исто време грчките бизнисмени должат и надомест во износ од 1.000 евра годишно, без разлика дали се во добивка или во загуба за годината.

Така Грција е најскапата земја во ЕУ во однос на развојот на малите бизниси, предвиде весникот.

Во земјата нема и диференцирани стапки на корпоративниот данок спрема големината на фирмата. Во Франција на пример големите компании плаќаат 31,33% данок, но за мал бизнис стапката е во износ од 15%, една од најниските во ЕУ.

Владата на Грција сепак ги отстрани различните стапки и сега и малиот, и најголемиот бизнис плаќаат подеднакво.

Не е само бизнисот кој страда од последните преговори со доверителите. Од 1-ви јули се зголемува и стапката на ДДВ – од 23% на 24%, за многу стоки и услуги. Со оваа мерка Атина се надева да собере 450 милиони евра повеќе приходи во државната каса.

Данок на додадена вредност се зголемува за по шести пат во последните години, предвиде уште „Катимерини“.

Од јули ќе биде зголемена и акцизата на природниот гас кој се користи за производство на електрична енергија.

Од 1-ви јануари 2017-та година, пак, ќе бидат зголемени даноците за горивото.

Година подоцна – од 1-ви јануари 2018-та година, пак, ќе има дополнителни трошоци за хотелите – 1 евро за ноќевање во хотел со три ѕвезди, 2 евра за четири и 3 евра за хотел со пет ѕвездички. Претставниците на туристичкиот бизнис веќе предупредија дека оваа мерка само ќе ги натера сопствениците на грчките хотели да се откажат од ѕвездите.

Од новите даноци ќе бидат погодени 8,5 милиони Грци, забележуваат во „Имерисија“. Изданието коментира дека поради пакетот нови мерки кој владата на Алексис Ципрас ќе го примени, ќе има „цунами“ од поскапување на бројни стоки и услуги.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) сака да се применат реформи во социјалниот сектор, кои ќе го попречат одржувањето на штрајкови и да се олеснат масовните отпуштања, забележува весникот „Етнос“ по повод започнатите преговори за промени на пазарот на труд. Во моментов работодавачот може да ослободува до 5 отсто персонал секој месец. ММФ сака штрајк да се прогласува со поголемо мнозинство од синдикални членови и вработени на конкретната компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП