19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина загубила 167 милијарди долари преку офшор компании

Украина загубила 167 милијарди долари преку офшор компании

ofsor 3535

Паричните средства од украинско потекло, кои „слетаа“ во офшор компании, се меѓу 117 и 167 милијарди долари, што е еквивалентно на околу два годишни БДП-а на земјата.

Ова се наведува во статијата на Сергеј Кораблин, доктор на економски науки, објавен во украинскиот весник „Зеркало недели“. Експертот пишува дека годишните загуби на Украина од офшор операции достигнуваат 11-12 милијарди долари, што е еквивалентно на големината на кредитите добиени од ММФ за двете последни програми.

Како што веќе е познато, на 3-ти април беа објавени т.н. „Панамски документи“ за користење на оф-шор сметки од влијателни политичари во светот, меѓу кои беше споменато името на украинскиот претседател Петро Порошенко.

Според украински „СМИ“ тој основал три офшор компании за преструктуирање на средствата на кондиторскиот концерн „Рошел“. Потоа беше прецизирано дека „Рошел“ е предаден на властите и претседателот нема никаква врска со управувањето на овие средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП