6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЛитературна манифестација „Илинден 2016“

Литературна манифестација „Илинден 2016“

ilinden33

Традиционално, како и секоја година, во пролет во Општина Илинден се одржува еден од најзначајните настани во Македонија кои што ја нагласуваат важноста на пишаниот збор и литературата во општеството.

Од 16-ти до 21-ви мај, ќе се одржи седумнаесеттото издание на Литературната манифестација „Илинден 2016“, каде што ќе бидат промовирани современите и модерни успеси и достигнувања на ова поле. Овој настан е од посебно значење за промовирањето на македонските културни вредности во јавноста.

Програмата како и за сите претходни манифестации, има богата содржина, која ќе биде и официјално најавена и претставена на претстојниот медиа брифинг за претставници на медиумите, на 16-ти мај (понеделник) во Best Western, Хотел Белви, во Општина Илинден.

Присутен на настанот ќе биде и градоначалникот на Општина Илинден, м-р Жика Стојановски како и претставници од организацијата.

Настанот официјално ќе започне во 11 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП