Европската валута, според оценките на аналитичарите на некои од најмоќните инвестициски банки, ќе падне под вредноста на доларот.
Аналитичарите единствено не се согласуваат само околу тајмингот кога тоа точно ќе се случи.
Goldman Sachs, кој подолго време се смета за инвестициска банка со еден од најпесимистичките погледи на еврото, го промени мислењето и сега смета дека европската валута следната година нема да падне под паритетот на доларот, но дното е на 1,05 долари.
Аналитичарите од Goldman Sachs и натаму очекуваат дека во следните три години еврото ќе падне на 0,9 американски долари. Тие сметаат дека каматните стапки во САД нема да бидат зголемени толку многу колку што порано се мислеше, што е поврзано со движењето на вредноста на доларот, бидејќи пониските каматни стапки го спречуваат растот на вредноста на доларот.
Deutsche Bank малку ги коригираше шансите за европската валута, но сепак очекува дека еврото следната година ќе вреди помалку од доларот. Моменталниот однос на еврото наспроти доларот е 1,13.