21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТимот на АРМ со забележителни резултати на меѓународниот турнир во стрелаштво „Гран...

Тимот на АРМ со забележителни резултати на меѓународниот турнир во стрелаштво „Гран При Скопје- 2016“

arm-strel

Армијата на Република Македонија со свои припадници традиционално учествуваше и постигна забележителни резултати на десеттиот меѓународен турнир во стрелаштво „Гран При Скопје- 2016“, кој  во недела се одржа на стрелиштето „Камник“ во Скопје.

Турнирот, кој е помеѓу поголемите и атрактивни годишни натпревари во стрелаштво во Европа, е во организација на Македонската Меѓународна Стрелачка Федерација (МССФ), а на него АРМ покрај учество во натпреварувањето со свои припадници придонесува и во уредувањето и обезбедување на стрелиштата на кои се вршат натпреварувањата.

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал потполковник Методија Величковски отварајќи го турнирот, во своето обраќање го потенцира значењето на овој вид спорт особено за  воената професија, притоа на натпреварувачите им посака постигнување на врвни резултати.

На натпреварот учествуваа стотина натпреварувачи од Р.Македонија и неколку странски држави во дисциплините: пиштол на 25 метри, пушка на 100 метри, снајперска тактичка полуавтоматска пушка и снајперска ловечка пушка на 100 метри.

Во натпреварувањата припадниците од командите и единиците на АРМ кои екипно беа меѓу најбројните натпреварувачи, постигнаа високи резултати  во поединечна и екипна конкуренција во сите застапени дисциплини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП