
За првпат во Македонија 15 лица се сертифицираа за Младински работници во рамите на унапредување на работата со млади.


За првпат во Македонија 15 лица се сертифицираа за Младински работници во рамите на унапредување на работата со млади.
Обуката за сертификација на обучувачи која заврши денес е дел од проектот „Твојот прв чекор да станеш младински работник“, кој го спроведува Коалицијата на младински организации СЕГА во соработка со партнери од Нормандија – Франција.
Обуката за сертификација на младинските работници ја спроведоа сертифицирани обучувачи од Франција.
Основна цел на проектот, беше да се обучат и сертифицираат 15 младински работници да испорачуваат комплетен почетен модул за идни младински работници, претставници од организации и институции кои работат со млади.
Во обуката беа вклучени и четворица младински работници кои работат во двата младински информативни центри во Македонија (ИНФО СЕГА во Кавадарци и Прилеп), како и 11 претставници на младински организации од цела Македонија.