14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАУште три американски нафтени компании поднеле барање за банкрот

Уште три американски нафтени компании поднеле барање за банкрот

ioo

Оваа недела уште три нафтени компании во САД поднеле барање за банкрот.

Тоа е доказ дека цената на нафтата од 45 долари за барел не е доволна за спасување на енергетските компании од работ на колапсот, пишува Bloomberg.

Од почетокот на годината околу 130 северноамерикански нафтени и гасни компании поднеле барање за банкрот заради вкупниот долг од речиси 44 милијарди американски долари, според податоците на адвокатската канцеларија Haynes&Boone.

Но, тука не се вкалкулирани компаниите Chaparral Energy, Penn Virginia и Linn Energy, кои оваа недела поднеле барање за банкрот заради долгот во висина од 11 милијарди долари.

Најмалку уште четири нафтени и гасни компании, со долг од преку осум милијарди долари, се наоѓаат блиску до банкрот, а меѓу нив се компаниите Breitburn Energy Partners и SandRidge Energy.

Банкротите на енергетските корпорации се сѐ позачестени, бидејќи на презадолжените компании речиси им е невозможно да соберат капитал, оценува њујоршката агенција, додавајќи дека енергетските компании се практично исклучени од пазарот на обврзници, банките им ги укинуваат кредитните линии, а продажбата на нивните активи е забавена.

„Цената од 45 долари за барел не спасува никого. Секој што отишол во банкрот кога цената беше 30 долари за барел, би отишол во банкрот и со цена од 45 долари. Потребно е нафтата најпрво да се зацврсти на 60 до 65 долари за барел, пред да дојде до реално свртување во профитабилноста на тој сектор“, оцени аналитичарот Спенсер Катер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП