11 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВенецуела ги продолжи вонредните мерки

Венецуела ги продолжи вонредните мерки

venecuelata 39

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро од петокот ги продолжи вонредните мерки за уште 60 дена во оваа јужноамериканска економски падната земја богата со нафта која се соочува со незапаметен недостиг од електрична енергија.

Од средината на јануари годинава на сила се ограничувањата и за продажба на храна и продукти за лични потреби, особено за лична хигиена кои во Венецуела секогаш биле дефицитарни. Владата сака да избегне парламентот, во кој опозицијата го има мнозинството, да преземе мерки и да ги намали социјалните давачки поради остриот пад на приходите од извозот на нафта.

Најголемиот економски удар на оваа земја ѝ го зададе силниот континуиран пад на цените на нафтата на светските пазари и се заканува со пропаст на Венецуела. Каракас одвај успева да ги врати долговите, а ограничени се и ограничувања и во дистрибуцијата на електричната енергија поради големата суша, а скусена е драстично и работната седмица.

За сабота се најавени големи протести на опозицијата во главниот град Каракас.

Социјалистичкиот претседател Мадуро тврди дека цените на нафтата на светските пазари паднале поради заговорот на земјите од OPEC кои се најмногу сојузнички на САД, кои сакаат да го соборат од власт со предизвикување економска криза во земјата.

Американското разузнавање проценува дека се зголемил ризикот од економски и политички колапс на Венецуела, и предвидува дека Мадуро веројатно нема да го доврши мандатот. Проамериканската опозиција сака референдум за да го собори Мадуро.

Во земјата поради кризата недостига храна и медицински продукти, исклучувањето на струјата трае и по повеќе часови дневно, зачестиле грабежите и населението се соочува со галопирачка инфлација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП