22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на индустриското производство во Кина се забавува

Растот на индустриското производство во Кина се забавува

rastkina 35

Растот на индустриското производство во Кина забави во април до 6% на годишно ниво, откако во март забележа пораст од 6,8% отсто, соопштија медиумите, повикувајќи се на Националната статистичка служба.

Дополнителните податоци покажуваат дека продажбата на станови во првите четири месеци од годинава продолжила да расте, бидејќи повеќе слободните политики при кредитирањето во многу градови ја стимулираат побарувачката, а ефектот се пренесува и кон активноста во градежништвото.

Растот на индустриското производство со додадена вредност, што до одреден степен се прифаќа како „лакмусов“ тест за економскиот раст, не одговори на очекувањата на 15-те економисти анкетирани од „WSJ“. Нивната прогноза беше за раст од 6,6 отсто.

На месечна основа индустриското производство во Кина порасна за 0,47% во април во позадина на зголемувањето од 0,64% во март.

Инвестициите во фиксни средства во руралениот дел на Кина забележа раст со 10,5% на годишна основа во периодот јануари-април, во споредба со 10,7% растот во првите три месеци од годинава.

Резултатот за активноста во градежништвото е исто така под просечната прогноза на аналитичарите за 11% раст.

Продажбата на мало се успорува со раст од 10,5% на годишна основа во март до 10,1% во април. На месечна основа, растот е 0,80%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП