8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрибина за примена на ХАЦЦП системот во производсвото и прометот со храна

Трибина за примена на ХАЦЦП системот во производсвото и прометот со храна

haccp_belgesi

Во Струмица денеска ќе се одржи трибина на која ќе биде презентирана состојбата со примена на ХАЦЦП системот во производсвото и прометот со храна и улогата на Агенцијата за храна и ветеринарство во синџирот на безбедноста на храната.

Ќе се расправа и за одговорноста на операторите со храна, вршењето на инспекциски надзор над храната од домашно производство и од увоз, како и за општите и посебните барања за означување на храната.

Трибината се реализира во рамки на проектот „Безбедноста на храната е обврска на сите заинтересирани страни во системот за безбедност на храната“, кој Агенцијата за храна и ветеринарство го спроведува во соработка со Организацијата на потрошувачите на Македонија и е дел од Програмата на Владата на Република Македонија за заштита на потрошувачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП