19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTelecom Italia посилно го затегнува „ременот“

Telecom Italia посилно го затегнува „ременот“

ittele22

Најголемиот италијански телекомуникациски оператор „Telecom Italia“ ја зголеми речиси тројно својата цел за намалување на трошоците до 1,6 милијарди евра (1,8 милијарди долари) до 2018-та година. Сето ова се случува под притисок на главниот извршен директор Флавио Катанео, кој има за цел да ја подобри профитабилноста на поранешниот државен оператор, пишува „Bloomberg“.

Кратењата ќе вклучуваат 800 милиони евра оперативни трошоци и 800 милиони евра капитални трошоци, објави компанијата. Претходна цел за кратенки беше за 600 милиони евра.

Профитот пред даноци, такси, депресијација и амортизација е намален за 16% до 1,71 милијарди евра, објави компанијата. Просечната прогноза на аналитичарите според податоците на „Bloomberg“ беше за 1,83 милијарди евра.

Приходите од продажба се намалиле за 12% до 4,4 милијарди евра, во споредба со прогнозите за 4,53 милијарди евра.

Приходите од внатрешните членови се зголемиле за 2 отсто до 1,76 милијарди евра во кварталот. Нето долгот се намали до 27,1 милијарди евра, што е за 139 милиони евра помалку од износот на крајот на декември.

Иако компанијата се бори со смалувањето на сметки за телефони во внатрешниот пазар поради конкуренцијата, „Telecom Italia“ се соочува со уште потешка битка во Бразил. Нејзината единица таму – „Tim Participacoes“, се натпреварува со „Vivo“ на „Telefonica“ – најголемиот локален оператор. Ова се случува во услови на најголемата рецесија во Бразил, најмалку век наваму. Оваа недела „Tim“ го назначи Стефано Де Анџелис за својот нов извршен директор. Тој седнува на функцијата, која досега ја вршеше Родриго Абреу.

„Telecom Italia“ го назначи Катанео за нов извршен директор во март, кога се заврте кон ветеранот од медиумската индустрија, со надеж дека тој ќе и помогне да се врати кон успехот. Неговиот претходник Марко Патуано беше сменет од функцијата по судирот со најголемиот акционер на компанијата – „Vivendi“ – француска компанија контролирана од милијардерот Винсент Болоре.

Акциите на „Telecom Italia“ поскапеа за 1,1% до 0,85 евра во Милано во петокот. Тие имаат изгубено 28% од вредноста во оваа година, а пазарната капитализација на компанијата достигнува 15,5 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП