15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтотуку започнува: Русите воведуваат целосно ембарго за Турција

Штотуку започнува: Русите воведуваат целосно ембарго за Турција

русија-путин

Руската агенција за контрола на храната Роселкхознадзор соопшти дека планира да го запре увозот и на преостанатото овошје и зеленчук од Турција.

Станува збор за стока која не беше опфатена со досегашното ембарго, а одлуката би требало да стапи на сила следната недела.

„Размислуваме за забрана на увозот на преостанатото овошје и зеленчук“, наведува заменик началникот на агенцијата Јулија Свабускина.

Така Роселкхознадзор ќе го забрани увозот на тиквици, лимон и грејпфрут, а како причина го наведуваат кршењето на санитарните услови.

Ограничувањето на увозот на овошјето и зеленчукот и други стоки од Турција, Русија го воведе на почетокот на годината. Односите на двете земји се влошија од ноември минатата година, кога турските борбени авиони го соборија рускиот во Сирија.

Санкциите вклучуваат и забрана на вработувањето на турските државјани, а се проценува дека ова ембарго може да ја чини турската економија 3,1 милијарди долари оваа година.

Москва сепак негира дека постои политички контекст во оваа одлука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП