
Германската економија, најголемата во Европа, порасна во првиот квартал од тековната година за 0,7 проценти.


Германската економија, најголемата во Европа, порасна во првиот квартал од тековната година за 0,7 проценти.
Тоа е над очекувањата, пред се благодарение на силната домашна побарувачка, покажаа денес објавените официјални податоци.
Според десезонираните статистички показатели, бруто домашниот производ (БДП) на Германија е зголемен во периодот јануари-март 2016 година за 0,7 проценти, што е побрзо темпо на раст од 0,3 проценти регистрирани во претходниот квартал, соопшти федералната канцеларија за статистика, Дестатис, пренесува агенцијата АФП.