19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЏенерал Моторс ќе инвестира во Опел

Џенерал Моторс ќе инвестира во Опел

opell

Одборот на директори на Џенерал моторс (ГМ) го искористи состанокот кој се одржа во седиштото на Опел во Ризелхајм да ја нагласат посветеноста на американската компанија кон германскиот автомобилски бренд. Во таа прилика тие објавија дека ја одобриле програмата која подразбира инвестиции во висина од 4 милијарди евра во Германија и Европа во периодот до 2016-та година.

„Како глобална автомобилска компанија на ГМ му е потребно силно присуство во Европа – во смисла на дизајн и развој, како и во однос на производството и продажбата”, рече Ден Ejkeрсон, претседател и извршен директор на ГМ.

Тој исто така додаде дека Oпел е од клучно значење за успехот на матичната компанија и ужива целосна поддршка од ГМ.

Голем дел од инвестицијата на Џенерал Моторс ќе бидат инвестирани во реализацијата на идните модели на Опел. Од германскиот производител до 2016-та година планираат да воведат 23 нови модели и 13 нови погонски системи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП