23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоделен првиот бесплатен геодетски елаборат

Доделен првиот бесплатен геодетски елаборат

geodetski

Првиот бесплатен геодетски елаборат, во петок ѝ беше доделен на Сашка Лепиткова, во Прилеп, од страна на раководителот на подрачното одделение на Катастарот, Жаклина Кондоска.

Со овој бесплатен елаборат и со старата градежно-техничка документација, имотот на Сашка Лепиткова бесплатно беше запишан во катастарот на недвижности и си го оствари правото на сопственост.

Наредниот период од катастарот очекуваат зголемен интерес од граѓаните за поднесување барања за изработка на бесплатни елаборати без надомест за недвижностите кои поседуваат стара градежно-техничка документација до стапување во сила на катастарот на недвижности за предметната општина.

Агенцијата за катастар на недвижности изминативе осум години реализира проект „Отворени денови со граѓаните“. Со овој проект граѓаните ги истакнаа нивните проблеми, идеи и даваа сугестии како Катастарот да стане подобра институција. Благодарение на граѓаните, Агенцијата за катастар на недвижности направи голем број реформи, мерки и проекти кои ги забрзаа процесите во Катастарот и квалитетот на услугите.

По предлог на Владата, Собранието, годинава, ги усвои измените на Законот за катастар на недвижности каде што се предвиде Агенцијата за катастар на недвижности да врши премер без надоместок на згради, делови од згради и други објекти за кои градежно-техничката документација била издадена до стапување на сила на катастарот на недвижности за предметната катастарска општина.

По промовирање на оваа законска измена се појави голем интерес кај граѓаните за поднесување барања за изготвување бесплатни елаборати за премер и запишување на правото на сопственост за лицата кои поседуваат стара градежно-техничка документација, тврдат од Катастар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП