22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд почетокот на годината економијата во ЕУ се зголемила за 0,5%

Од почетокот на годината економијата во ЕУ се зголемила за 0,5%

ekoeu 99

Бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната и во Европската унија забележа раст за 0,5% во првиот квартал на 2016-та година во однос на претходната, покажуваат сезонски прилагодените податоци на Евростат. На крајот на 2015-та година зголемувањето беше 0,3% и 0,4%, соодветно во еврозоната и во ЕУ.

На годишна основа економијата на еврозоната порасна за 1,5%, а во цела ЕУ за 1,7 отсто. И во двата случаи има забавување на растот, откако во периодот октомври-декември 2015-та година економијата во еврозоната се зголеми за 1,6%, а во Унијата за 1,8%.

Ова е второ читање на податоците за растот на БДП (од вкупно три) и тие може да бидат ревидирани. Спрема првото читање податоците за растот во монетарната унија се коригира со 0,1 процентни поени надолу.

Посилен раст на годишна основа има во Шпанија (3,4%), Словачка (3,6%) и Романија (4,2%).

Грчката економија се намалува и на квартална (-0,4%), и на годишна основа (-1,3%).

На квартална основа економијата се намалува уште во Латвија (-0,1%), Унгарија (-0,8%) и Полска (-0,1%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП