18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинците ја победија рецесијата, повторно бележат раст

Финците ја победија рецесијата, повторно бележат раст

finska7888

Финската економија во првиот квартал евидентираше раст за 0,4 проценти во однос на последниот квартал од 2015 година, според проценката на националниот Институт за статистика.

Тоа ја подгрева надежта дека конечно зад себе ја оставила тригодишната рецесија.

Бруто домашниот производ (БДП) на Финска во првите три месеци од оваа година пораснал на годишно ниво за еден процент, пренесува агенцијата Франс прес.

Финска минатата година „исплива“ од тригодишната рецесија благодарение на скромната стапка на раст од 0,5 проценти, но нејзиниот јавен долг порасна на 63,1 проценти од БДП, надминувајќи ја за прв пат границата од 60 проценти од БДП која е правило во еврозната.

Инфлацијата во април забрза на 0,3 проценти во однос на нула проценти забележани во март, покажаа денес објавените податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП