3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на цените на акциите на европските берзи

Пад на цените на акциите на европските берзи

berzi ey3

Цените на акциите на европските берзи падна во четврток, втор ден по ред, бидејќи инвеститорите беа разочарани од слабите деловни резултати на Aegon и Credit Agricole.

Лондонски FTSE индексот ослабе 0,95 отсто, на 6.104 бодови, додека франкфуртски DAX се лизна 1,13 отсто, на 9.862 поени, а париски CAC 0,54 отсто, на 4.293 бодови.

Под најголем притисок е финансискиот сектор заради послабите од очекуваното квартални бизнис резултати на холандската осигурителна куќа Aegon и француската банка Credit Agricole.

Цената на акцијата на Aegon потона речиси осум, а на Credit Agricole повеќе од три отсто.

Според податоците на Thomson Reuters StarMine, 61 отсто од компаниите во составот на STOXX 600 индексот оствариле во првото тромесечје заработки во согласност или поголеми од очекувањата, но многу тоа го постигнаа со кастрење на трошоците, а не со зголемување на приходите.

Во однос на почетокот на годината, FTSEurofirst 300 индексот е во минус околу девет отсто, бидејќи инвеститорите ги загрижува забавувањето на растот на глобалната економија, особено кинеската.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП