1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаботилница за утврдување на идниот модел за финансирање на станицата за третман...

Работилница за утврдување на идниот модел за финансирање на станицата за третман на отпадни води

jefefj;eh;fhw

Работилница за утврдување на идниот модел за финансирање на станицата за третман на отпадни води во Град Скопје, се одржа во петок во просториите на Град Скопје.

„Оваа работилница е од исклучителна важност за финализација на проектот на идната станица за третман на отпадни води од една страна и определувањето на оптималниот финансиски модел за реализација на проектот од друга страна. Изградбата на пречистителна станица за отпадни води за Скопје е еден од најважните и најголемите проекти за Скопје“, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Тој појасни дека самата подготвителна фаза опфаќа и активности на дооформување на фекалната и атмосферска канализација во градот и подготовка на инсталациите што подлежат на интегрирани еколошки дозволи и елаборати за заштита на животната средина за постигнување на потребниот квалитет на отпадните стопански води.

„Денешната работилницата ќе се фокусира на оние прашања кои влијаат на успешното интегрирање на буџетските средства како на национално, така и на локално ниво, приватните фондови, заемите на меѓународните финансиски институции како и можното финансирање од страна на Eвропската комисија преку ИПА фондовите“, истакна министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети во воведното обраќање.

На работилницата беа претставени и можните модели на Јавно приватно партнерство (ЈПП) кои најчесто се применуваат за проекти кои се однесуваат на изградба на станици за третман на отпадни води, како и анализа на ризиците за секој предложен модел на ЈПП. Целта е да се избере модел кој обезбедува најповолна услуга со поголем квалитет, а со намалени трошоци во споредба со услугата која би била обезбедена од страна на јавниот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП