11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвешка ја остави основната каматна стапка непроменета

Норвешка ја остави основната каматна стапка непроменета

norbank 33

Централната банка на Норвешка ја остави основната каматна стапка на рекордно ниско ниво од 0,5% и ги ослободи пазарните очекувања. Во март централните банкари во Осло ја намалија стапката со 25 основни поени, потсетува „Bloomberg“.

„Растот на потрошувачките цени останува стабилен, но силната круна може да придонесе за малку побрзо забавување на инфлацијата од последните проекции во март“, пишува во соопштението на банката. „Од друга страна, растот на цените на нафтата може да ја намали несигурноста и да доведе до повисок економски раст во Норвешка“, пишува уште во текстот.

Во средата властите во Норвешка најавија дека ќе прибегнат повторно до државниот фонд во вредност од 860 милијарди долари, за да ја заштитат најголемата европска земја производител на нафта од ниските цени на суровината. Бидејќи владата користи стимулации, централната банка сигнализира дека зазема се повеќе претпазлива политика во однос на дополнителните олеснувања во монетарната политика.

Круната поевтини за 0,8% или до 9,26 круни за евро, откако посебениот извештај покажа дека БДП-то се зголемило за 0,3% во првиот квартал, надминувајќи ги очекувањата за раст од 0,2 отсто.

„Bloomberg“ наведува дека Норвешка се уште не е ни блиску до негативни каматни стапки, како што се воведени во Данска и Шведска. Ефектите од оваа политика врз инфлацијата се измешани, па пазарите на хипотеки во овие две држави веќе покажаа сигнали за прегревање, истакнува агенцијата.

Централната банка во Норвешка си остава отворена можноста за дополнително намалување на основната каматна стапка во 2016-та година.

Норвешката круна е за 14% под средното ниво во однос на еврото во последните пет години, иако поскапе со 4% од дното постигнато во јануари. Цената на европскиот репер Брент е за 70% нагоре спрема јануари, но се уште на не доволно високо ниво, за да се оправдаат големи офшор инвестиции, истакнува „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП