15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКои се најреномираните компании во светот?

Кои се најреномираните компании во светот?

brands1

Двете швајцарски компании, „Rolex“ и „Nestle“, за прв пат се најдоа на листата на топ 10 најреномирани компании во светот, според мислењето на потрошувачите.

Водечкото место, втора година по ред, го држи германскиот производител на автомобили „BMW“.

Според најновата годишна класификација на њујоршкиот институт за тестирање на угледот на компаниите „Reputation institute“, „Rolex“ го завзема третото место, а „Nestle“ деветото место, пренесува швајцарскиот весник „20 minit“.

Компанијата „Volt Disney“ се наоѓа на второто место, „Google“ на четвртото, подобрувајќи ја својата положба во споредба со минатата година, „Daimler“ е на петтото место, „Sony“ на шестото, „Kanon“ на осмото, додека „Microsoft“ е на седмата позиција и „Lego“ на десетата позиција.

Што се однесува на „Apple“ и „Volkswagen“, тие во 2013 година не се во групата од 10 најреномирани компании во светот.

Њујоршкиот институт ова истражување го спроведе на примерок од 55.000 потрошувачи во светот, кои оценуваа повеќе критериуми за угледот на компаниите, како што е имиџот, квалитетот на производот, финансиската стабилност, иновативноста и општествената одговорност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП