18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилион непополнети работни места во Германија

Милион непополнети работни места во Германија

rab-mesta

Речиси милион работни места во првото тромесечје не биле пополнети во Германија, при што и натаму владее голема побарувачка за квалификувани работници.

„Во првото тромесечје ширум Германија 974 илјади работни места беа непополнети, што е 26.000 повеќе од истиот период лани“, соопштено е од Институтот за истражување на пазарот на трудот.

На западот на Германија непополнети се 756, а на истокот 218 илјади работни места.

Најбарани сектори се медицинскиот, како и секторот за информатичка технологија и секторот за индустрија за алати.

Еден дел од потребата за стручни работници се покрива со населување, првенствено од земјите членки на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП