6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндексите на Волстрит речиси непроменети

Индексите на Волстрит речиси непроменети

wall stre 33

Берзанските индекси на Волстрит во четврток останаа речиси непроменети, а најмногу внимание привлече падот на цената на акцијата на Apple на најниско ниво во две години.

Dow Jones зајакна 0,05 отсто, на 17.720 бодови, додека S&P 500 ослабе 0,02 отсто, на 2.064 поени, а Nasdaq индексот 0,49 отсто, на 4.737 бодови.

Седум од десет сектори на S&P 500 индексот во четврток добија на вредност, а најмногу, 0,7 отсто, пораснаа цените на акциите во телекомуникацискиот сектор.

Со раст од 0,5 отсто следеше трговскиот сектор, кој надомести дел од големите загуби претходниот ден.

Најмногу внимание привлече падот на цената на Apple, 2,3 отсто, на 90,3 долари, најниското ниво од јуни 2014 година, што е последица на загриженоста на инвеститорите заради назнаките за слабеење на побарувачката за iPhone, најважниот производ на овој технолошки гигант.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП