26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолемо викенд уживање за сите деца и родители на 7-от Саем за...

Големо викенд уживање за сите деца и родители на 7-от Саем за деца

deca-saem

Забава, дружење, спортски активности, учење на креативни занаети, создавање на уметност, низ игра до насмевка, шоу со рептили, музичко шоу со „Златно славејче“ и многу маскоти, се само некои од активностите кои ќе бидат вистинско изненадување за сите деца и родители овој викенд во Скопје.

Традиционалниот Саем за деца кој од петок, до недела ќе се одржи во „Скопје Сити Мол“ ќе ги обедини детската среќа, креативноста, забавата за целото семејство, дружењето, играта, интерактивните игри за децата да се доближат до докторите, интересните турнири во кошарка, хокеј, Lego, PS4, X-Box, боење на лица, дружење со кловнови, пантомимичари и аниматори на штули, jungle gym, арт работилниците, како и подароците. Програмата ќе се одвива низ текот на целиот ден, започнувајќи од 12 часот и ќе траат се до 20 часот.

Заразните детски насмевки, веселите семејства и пријатниот детски џагор и големите попусти се сигурната гаранција која ќе ја понуди 7-от по ред Саем за деца, кој од издание во издание е сè помасовен, позабавен, поразигран и уникатен во нашиот главен град.

Сите семејства освен големата забава, наградните игри и изненадувањата кои ќе бидат откриени за време на настанот, ќе имаат шанса да уживаат во големите попусти за време на 7-от Саем за деца и родители и до 50 отсто во продавниците за детска облека, производи и играчки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП