5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTurkish Airlines заинтересиран за Croatia Airlines

Turkish Airlines заинтересиран за Croatia Airlines

turkis airlines avioniw2

„Доколку земеме во предвид дека „Turkish Airlines“ е во добра деловна прилика, заинтересирани сме за „Croatia Airlines“, изјави Абдулкерим Каи.

Каи е едeн од топ-менаџерите на „Turkish Airlines“.

„Ова е бизнис и засега не знаеме што ќе се случи. Ако се појави добра деловна прилика меѓу двете компании, тогаш ќе размислуваме за неа“, појасни Абдулкерим Каи.

Критериумите се, како што изјави, деловната одлука да биде добра за компанијата и профитот. Каи со ова индиректно потврди дека „Turkish Airlines“ пред претставниците на Фондот на Светска банка (IFC), кој за хрватската Влада на светските пазари бара потенцијални партнери или купци за „Croatia Airlines“, искажал сериозен интерес за хрватската авиокомпанија. Според неофицијалните информаџии, токму „Turkish Airlines“ со германската „Lufthansa“ и грчкиот „Aegean“ влезе во вториот круг на преговори.

Претставниците на Управата на „Turkish Airlines“ пристигнале со бројна делегација во Дубровник со првиот директен лет од Истанбул.

На таа линија се чекаше со години со оглед на тоа дека сега жителите на југоисточна Европа преку Дубровник и Истанбул ќе бидат најбрзо конектирани за патувањата во Азија, пишуваат регионалните медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП