28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропарламентот со удар против стремежот на Кина кон статусот на пазарна економија

Европарламентот со удар против стремежот на Кина кон статусот на пазарна економија

parlamentarci 22

Пратениците во Европскиот парламент нанесоа удар на амбицијата на Кина да биде прогласен за „пазарна економија“ – статус, кој ќе му обезбеди на извозот на азискиот гигант полесен пристап до блокот.

Европските пратеници ја усвоија резолуција во која се вели дека Кина се уште не ги исполнува условите за такво дејство. Во документот се вели дека нема зошто да се ублажуваат анти-дампинг правилата против земјата, според кои може да се наметнуваат одмазднички царини на кинеските производи, кои се под пазарните цени.

Резолуцијата во четвртокот беше поддржана од 546 пратеници, од кои само 28 беа против, а 77 воздржани.

Кина тврди дека има право автоматски да добие статус на пазарна економија – една од најпосакуваните политички цели, на крајот на оваа година според правила на Светската трговска организација. Поддржувачите на овој потег, вклучувајќи ја британската влада, велат дека доделувањето на овој статус ќе ги охрабри инвестициите меѓу Европа и Кина.

Статусот сепак може да го отежне наметнувањето на антидампинг давачките врз Кина. Кризата во европската челична индустрија, која го достигна својот врв во последниве месеци, нагласува загриженоста околу олеснувањето на слични давачки. Европските компании тврдат дека трпат сериозни удари поради неправедно евтиниот увоз од кинеските фабрики.

Зголеменото непријателство на Европа кон обезбедувањето на сличен статус на Кина доаѓа по меѓународната реакција против олеснувањето на трговските бариери. Германското јавно мислење се повеќе се прилагодува против клучниот договор со САД, додека во исто време САД во претседателската трка се обојува во необична протекционистичка реторика.

Гласањето во четвртокот по темата – Кина е необврзувачко, но испраќа јасен сигнал до Европската комисија, која треба да достави предлог за прашањето во текот на оваа година. Тогаш европскиот парламент ќе гласа дали да го одобри предлогот или не.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП